Вести Македонија Најважни

За ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не е опција ни за формирање на влада

Во опозициската партија, која вчера победи на изборите, не стравуваат дека во вториот круг ќе биде мала излезноста. Напротив, веруваат дека ќе биде поголема од сега, затоа што парламентарните избори ќе бидат поголема мотивација за гласање. Победата ја нарекоа политичко цунами, што ќе финализира со испраќање на СДСМ и ДУИ во опозиција, со кои велат дека немаат никаква потреба да преговараат.

Без разлика на тоа, дали ќе победат или не, ДУИ за нив не се опција ни за формирање на влада.

Очекуваат Силјановска да добие и дел од гласовите на тие што овојпат гласаа за останатите кандидати.

Разликата меѓу најдобро пласираните кандидати во првиот круг е над 180.000 гласа.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе