Вести Избори 2024 Македонија Претседателски избори 2024

Таравари: Разликата не е голема, сè уште не сме одлучиле кого ќе поддржиме во вториот круг

Кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција „Вреди“, Арбен Таравари вечерва на прес-конференцијата изјави дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци, односно во првата, втората и шестата разликата е три-четири илјади гласови.

Претседателскиот кандидат истакна дека сè уште немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг. Прашан дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече да за тоа ќе се разговара во органите на партијата.

„Да завршат прво изборите, следат парламентарните избори. Ова се први избори како претседател на партија, во органите на партијата ќе разговараме за ова“, рече Таравари.

Здружената албанска опозиција вечерва на прес-конференција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари и очекува на 8 мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ.

„Добитник на овие избори е Влен или ДУИ има вкупен број на гласови на помалите етнички заедници и на граѓаните кои имале потреба од нивните пари. Влен е легитимен претставник на Албанците, Влен ги доби гласовите на Албанците. ДУИ со ова однесување го загуби последниот легитмитет да зборува во име на Албанците. Затоа на 8 мај ние ќе победиме. Важно е да потенцираме дека овој резултат и во мандати не е голема разлика од ДУИ и затоа на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза“, изјави лидерот на движењето Беса, Биљал Касами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе