Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Гласање без поголеми проблеми – Македонија по седми пат избира претседател

Граѓаните по седми пат избираат претседател на државата. Сите избирачки места изутринава во 7 часот беа отворени на време и гласањето во текот на денот течеше без проблеми. Екипата на телевизија Телма беше во обиколка на ОУ „Рајко Жинзифов“, на ОУ „Лазо Ангеловски“ и на ОУ „Љубен Лапе“. Во сите тие гласањето се одвиваше без проблеми. Единствено во населеното место Драчево имаше мал проблем со апаратот за идентификација кој го одложи почетокот на гласањето за десетина минути.

Оние кои отидоа да го остварат своето право на глас, очекуваат фер и демократски избори. Му порачаа на идниот претседател повеќе да се залага за правата на граѓаните.

Гласањето ќе трае до 19 часот кога се затвораат изборните единици.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе