Вести Избори 2024 Македонија

Излезноста до 11 часот е 12,78 отсто

Одзивот на гласачите до 11 часот е 12,78 одсто. Обработката на 3 илјади 418 избирачки места покажува дека гласале вкупно 229 илјади 473 лица со право на глас.

Според податоците што се слеваат во ДИК, најголем одѕив има во општина Демир Капија – 24 одсто, а најмал во Студеничани – 3,82 отсто.

До 11 часот во ДИК се пристигнати 73 приговори за правото на глас. Од нив, 7 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 4 се отфрлени а 3 се оценети како неуредни.

Наредната прес конференција во ДИК ќе биде во 13:30 часот, кога ќе биде соопштен одзивот како и текот на дотогашното гласање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе