Вести Избори 2024 Македонија Најважни

За три години, избирачкиот список намален за 10 илјади лица

За три години, избирачкиот список е намален за десет илјади избирачи. Од тие, речиси пет илјади се битолчани, потврди тамошната Општинска изборна комисија.

Право на глас на овие избори имаат 1.814.317 избирачи. Од нив, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување на казна затвор или се во притвор. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

Во своите домови гласаат и 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.Денеска се гласа и во странство, каде гласаат 2.569 гласачи.

Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми. Издадени се акредитации за набљудување на 1601 лице, од кои 915 се домашни набљудувачи, а 544 меѓународни, како и на 58 странски новинари. Беше појаснет и начинот на снимање на избирачките места.

ДИК објави и упатство за гласање на граѓаните, во кое, во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Меѓу другото, се повторува и дека, може да се гласа и со истечени документи,  како и дека се гласа со отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација.Се укажува и на забраните за семејно и групно гласање, како и за гласање за друго лице, фотографирање на гласачкото ливче и носење на оружје на гласачкото место.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе