Вести Свет Топ вести

„Цвета“ бизнисот на криминалните банди со трговијата со оружје во Албанија

Во Албанија во последно време се забележуваат растечки активности на криминални групи кои се повеќе ја покажуваат својата моќ со инвестирање во скапо огнено оружје од најново производство, објави Топ чанел.

Се посочува дека во различни полициски акции во Тирана, Валона и Драч, пронајдени се бази со оружје од различен калибар.

– Според полициската статистика, во различни операции низ државата во текот на минатата година запленети се 410 парчиња огнено оружје, од кои 199 пиштоли. Во меѓувреме, годинава трендот на трговија со пиштоли е поголем. Во периодот јануари-март, од 125 парчиња запленето огнено оружје, 75 се пиштоли, наведува телевизијата.

Покрај пиштолите, оружје кое наголемо се користи е и автоматската пушка-калашников, која, тврди полицијата, најмногу се користи како алатка за извршување на мафијашки егзекуции.

Во повеќето случаи, ова оружје сторителите го оставаат зад себе во возилата, кои по извршениот криминален акт ги палат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе