Вести Македонија Најважни

Вадењето на лични дoкументи ја урива довербата во полицијата

Довербата во полицијата зголемена, но процесот на промена на личните документи го зголеми незадоволството, а работата на службите негативно оценета од граѓаните,покажува истражувањето на Евротинк.

43% од испитаниците немаат доверба во полицијата , наспроти 28% кои изразиле доверба. Од друга страна анкетираните граѓани кои имале контакт со полицијата во последните две години најголем дел од нив сметале дека полицијата била професионална, а негативниот став се должи на други фактори, а не на личното искуство.

Споредено со 2021 година се забележува сериозен пад на задоволството од информациите коишто се достапни во врска со вадењето на документи. Во ова истражување 1/3 од примерокот дала негативно мислење за достапноста на информации поврзана со вадењето на документи, а додека во 2022 година половина од примерокот биле задоволни од достапноста на информации поврзани со документите. А во врска со работата на управните служби оваа година само 20% од примерокот изразиле задоволство, додека во 2022 година 50% изразиле позитивен став во врска со работењето на управните служби- Александар Стојановски постар истражувач и проектен координатор.

Граѓаните незадоволни и во релацијата полиција- локална заедница, повеќе од половина од анкетираните сметаат дека полицијата е малку присутна во нивното маало. Во однос на концептот „Полиција во заедницата“ резултатите од истражувањето покажуваат дека многу мал процент, односно само 13% слушнале за него.

Oваа година граѓаните имаат највисока доверба во Армијата, 44%. Понатаму следат религиските институции со 35%, па претседателот на Македонија, со 24%. Обвинителството и судството повторно се најниско оценети, рече стојановски.

Евротинк речиси секоја година го испитува мислењето на граѓаните за прашања поврзани со довербата на граѓаните во државните институции. Ова истражување е спроведено телефонски во периодот од 31 јануари до 14 февруари 2024 година на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка од 3,1 %.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе