Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ утрово влегле во најголемиот затвор во државава.
Пo претресот во затворот Идризово најдени поголема количина недозволени предмети, вели Зоран Јовановски за Телма директорот на оваа институција.
Како што потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје претресите се поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија, односно меѓу затворениците се бара дрога и други недозволени предмети.
„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси со цел обезбедување доказен материјал“, соопштија кусо од ОЈО Скопје.
Затворот во Идризово неколку пати до сега бил мета за претреси поради сомнение дека оние кои се зад решетки поради сторен криминал, го продолжуваат ланецот и во затворските ќелии. Во неколку наврати при претресите беа најдени мобилни телефони, дрога, остри предмети, пари.
