Вести Македонија Најважни

Голем пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус

Македонија бележи значително опаѓање во годишниот извештај на Фридом Хаус насловен како „Нации во транзит“.

Споредено со нас според овој извештај само Србија има поголемо назадување во регионот. И двете земји се најдоа во категоријата Хибриден режим во која друштво им прават уште девет други држави.

Тукa се сместени земјите кои имаат карактеристики на автократија и демократија, нивните институции се ранливи, што во 2023 довело до поголемо назадување отколку напрадување, се вели во извештајот.

Македонија страда од назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, додека политичките партии влегле во конфронтација во врска со уставните амандмани наложени од бугарското вето што ги попречува напорите на државата да влезе во Европската унија.

Извештајот за Македонија вели дека земјава е „цикличен хибрид“, што се карактеризира со редовни промени во владејачката елита коишто не дозволуваат со време да дојде до суштинска структурна промена.

Во Србија имало „историско назадување“ вели извештајот, пред се` заради напорите на претседателот Александар Вучиќ за консолидирање на моќта во 2023. Но, Северна Македонија е веднаш зад Србија, за Гласот на Америка вели Александра Карпи, која е една од двајцата изработувачи на извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе