Останато Спорт

ФОТО галерија: Петрушев фаворит број 1 за победа на ИКАС

Денеска на патеката во СЦ Матка на програмата беа квалификациските трки на 55. издание на Илинденскиот кајак слалом.

Најдобро постигнување по првиот ден од натпреварувањето има македонскиот репрезентативец Ангел Петрушев додека на втората позиција се пласираше Марко Ѓорѓевиќ од Србија.

Третото место му припадна на Стефан Рибарски, а меѓу триесетте натпреварувачи кои се пласираа за утрешното полуфинале има уште десет Македонци кои се во конкуренција за победа на јубилејното издание на ИКАС.

Полуфиналните трки што ќе се одржат утре почнуваат во 10 часот и 30 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе