Вести Наука и здравје Свет

Успешно отстранет ХИВ од заразени ќелии – ветувачки наод на научници од универзитетот во Амстердам

Тим на научници од Универзитетот во Амстердам претстави наоди од рана фаза на успешно отстранување на ХИВ вирус од заразени ќелии, користејќи техника на генетички инженеринг ЦРИСПР.

Со таа техника, се сечат „лошите“ делови од ДНК на ниво на молекули. Научниците тежнеат кон целосно чистење на телото од ХИВ, иако нагласуваат дека наодот е само „доказ на концептот“ и уште долго време нема да стане лек, пренесува „Би-Би-Си њуз“.

„Ќе треба уште многу работа за резултатите од овие тестови да се покажат на цело тело за идни терапии“, рече Џејмс Диксон, вонреден професор за технологија на матични ќелии и генетски терапии на Универзитетот во Нотингем.

Креаторите на технологијата ЦРИСПР во 2020 година ја добија Нобеловата награда за хемија. Од нобеловата фондација е истакнато дека таа „има револуционерно влијание врз науката за животот, придонесува за нови терапии за рак, а можеби ќе се оствари и сонот за лекување на наследни болести“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

(Видео) Мицкоски најавува наскоро номинирање имиња за нови министри, Касами тврди засега нема преговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе