Вести Македонија Топ вести

Службениците не се виновни за пасошката криза – реагираат дел од полициските синдикати

Над 74 илјади пасоши биле изработени во февруари. Бројот на фотографирани во Скопје за лични документи изнесува 86 илјади граѓани во претходниот месец.

За ова информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на социјалните мрежи.

Обрасци има доволно во моментов за да нема застој во процесот, но капацитетот за печатење на документите е лимитиран, информираа претходно од МВР.

Во меѓувреме, граѓаните покрај термини, очекуваат и информации – дали ќе може да гласаат на следните избори, со патна исправа со старото име.

Од Државната изборна комисија предложија измена на Изборниот законик, која ќе важи само за овие избори. Ова е со цел граѓаните кои не стигнале да сменат пасош, да можат да гласаат на претседателските и парламентарните избори.

Решението е прифатливо за владејачката СДСМ, потврди партискиот лидер Димитар Ковачевски. Потенцира дека идејата не е од сега.

Претходно, министерот за внатрешни, Тошковски посочи дека има повеќе од 100.000 граѓани кои имаат право на глас, поседуваат патна исправа со старото име, а притоа немаат важечка лична карта.

„Ќе поддржиме и веќе се разговара за тоа. Новиот министер за внатрешни работи најверојатно не знае дека работните групи кои работат на Изборниот законик уште од крајот на минатата година работат на решение, да има одредба со која ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко право“ изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.

Откако народниот правобранител  Зибери посочи дека голем број обработени и нераспределени лични документи се заглавени во лавиринтите на МВР и дека екипи на Омбудсманот пребарувале во кутиите заедно со службеници од министерството, реагираа од Синдикатот на полицијата во Македонија.

Стравуваат дека со тоа, вината за хаосот со документите се префрлува на службениците, наместо одговорноста да се бара кај политичарите.

„Констатацијата е директно насочена кон нашите колеги во секторот за граѓански работи. Тој што го примил барањето е работник, тој што го процесуирал е работник, тој што го изработил е работник и тој што би требало да го издаде документот е повторно работник. По досегашните пракси, одговорноста ќе се бара кај некои од овие колеги. Но, за нас тоа е неприфатливо и претставува само префрлена одговорност на некои повисоко рангирани структури“ вели Мики Михајловски, претседател на синдикална организација при Синдикатот на полицијата во Македонија.

Во меѓувреме, пасошката криза продолжува. Граѓани реагираат дека сѐ уште едвај добиваат оператор на телефонската линија. Термини во редовна постапка се нудат за во август, а итен термин има во јули.

Утре МВР отвора нов пункт за вадење лични документи, во рамки на Центарот за обука во Идризово. Таму ќе се опслужуваат 250 до 300 лица дневно.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе