Светот ја дочека новата 2024 година со спектакуларни огномети. Жителите на Њујорк и бројни туристи уживаа во новогодишната ноќ со концерт на Тајм Сквер, На полноќ, пак, се спушти и кристалната топка, а по традиционалното одбројување просторот беше опсипан со конфети. Канада влезе во новата година со величествен огномет на пристаништетото во Торонто, огномет имаше и во Париз со гламурозно осветлена Триумфална порта, во Берлин, познатиот Биг Бен одбројуваше во Лондон, Абу Даби со традиционален огномет од Бурџ Калифа.
Илјадници луѓе беа сведоци на 12-минутен спектакуларен огномет и на познатата плажа Копакабана. Низ Рио беа поставени 11 сцени, а градските власти очекуваат четири милиони странски туристи. Дел од нив не ги криеја импресиите од Бразил.
Францускиот претседател Емануел Макрон во новогодишната порака повика на единство меѓу сограѓаните, особено во годината во која Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри. Не пропушти да ги спомене и европските избори во јуни, порачувајќи дека е потребно да се одбере „посилна и посуверена Европа“.
Новогодишната ноќ, сепак, не беше мирна насекаде низ светот. Големите нереди се случија во Холандија. Запалени беа ститина возила во Амстердам, Ротердам и Хаг, приведени се над 200 демонстранти, а во немирите беа повредени и десетици полицајци. Нереди имаше и во Берлин. Најмалку 15 полицајци беа повредени, околу 300 демонстранти завршија во полициска станица, а повреди од петарди и пиротехнички средства беа фатални по животот на 18 годишно момче во Баварија.
Сашко Димовски
