Вести Најважни Свет

Конгресот повторно заобиколен – Стејт департментот одобри итна продажба на оружје на Израел од 147,5 милиони долари

Американскиот Стејт департмент по вторпат овој месец го заобиколи Конгресот за да одобри итна продажба на оружје на Израел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го извести Конгресот дека донел втора итна одлука, која ја покрива продажбата на опрема од 147,5 милиони долари на Израел, вклучително и осигурувачи и муниција потребни за опремување на гранати од 155 мм што Израел веќе ги има, соопшти Стејт департментот.

„Со оглед на итноста на израелските одбранбени потреби, секретарот го извести Конгресот дека го искористил своето делегирано овластување за да утврди постоење на вонредна состојба, што бара итно одобрување на трансферот“, се вели во соопштението.

Стејт департментот додава дека САД се посветени на безбедноста на Израел и наведува дека од витално значење за националните интереси на САД е да обезбедат Израел да биде во состојба да се брани од заканите со кои се соочува.

Во него се додава дека САД постојано ѝ нагласиле на израелската Влада дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право и да ги преземе сите мерки за да спречи цивилни жртви за време на операциите во Појасот Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе