Вести Македонија Топ вести

Поништен пучот во Судски Совет со одлука на Управен суд, таборот на Селим Адеми незаконски ја разрешил Весна Дамова од претседател на Советот

Управниот суд jа поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева која го обжали решението за нејзината контроверзна смена од претседателското место во Судскиот Совет. Од Управниот суд потврдија дека тужбата на тужителката Дамева е уважена, а оспореното решение на Судски совет е поништето.

Одлуката прво ќе биде доставена до странките во спорот, па ќе биде објавена. Согласно одлуката на Управниот суд, тоа значи дека состојбата во судскиот совет треба да се врати пред спорната и одлука.

Одлуката за разрешување беше донесена на иницијатива на тогашниот потпретседател Селим Адеми а во таборот што го поддржи и гласаше за е актуелниот претседател на Советот Сашко Ѓоргиев.

Постапката против Дамева беше отворена кога пред Судскиот Совет требаше да почне постапка за дисциплинска одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети затоа што Беџети 9 месеци го држел предметот за масовното прислушување „Тврдина Таргет“ во фиока со што беше овозможено предметот против Сашо Мијалков да се приближи до застарување.

Дамева тогаш обвинуваше дека постапката против неа е политички мотивирана и незаконска. Невладините набљудувачи оценија дека Судскиот совет ја разрешил Дамева преку постапка која не е предвидена со закон. Целата постапка од разршеувањето на Дамева до изборот на Горгиев беше критикуван од експерти, универзитетски професори, но и од Европската Унија во извештајот за напредок на државата.  Поради овие превирања ЕУ испрати и Оценска мисија која недоамна го заврши извештајот со 40 препораки за реформирање на судскиот совет.

Први реакции по одлуката на Управен суд кој го поништи разрешувањето на Дамева од претседателската позиција во Судски Совет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Дробњак: 2030 е годината на новото проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе