Вести Најважни Свет

Вишиот суд ја одби жалбата на „Србија против насилство“: ГИК не е надлежен да ги поништи изборите

Вишиот суд во Белград отфрли уште една жалба на коалицијата „Србија против насилство“ и со тоа го потврди ставот на Градската изборна комисија дека не е надлежна да одлучува за поништување и прегласување на изборите за пратеници во Народното собрание, објави ГИК.

  • „Како што истакна претседателот Зоран Лукиќ, Градската изборна комисија се прогласи за ненадлежна во однос на приговорот што го доби од таа Коалиција, која побара поништување на парламентарните избори на сите избирачки места, а приговорот го префрли во надлежност на Републичка изборна комисија“, соопшти ГИК, јавија белградските медиуми.

Против таквата одлука на Градската изборна комисија беше поднесена жалба, која Вишиот суд во Белград ја отфрли како неоснована.

Синоќешниот протест на српската опозиција која бара поништување на изборите од 17ти декември заврши без инциденти.

Неколку илјади луѓе се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија со барање да се повтори целиот изборен процес.

Претходно група студентски активисти го блокираа влезот на Министерството за државна управа и локална самоуправа, барајќи да се провери избирачкиот список.

Студентите се заканија дека доколку не им се исполнат барањата, ќе блокираат два фреквентни меѓународни патни правца во Србија, без да прецизираат кои.

Русија се вклучува во српските постизборни калкулации додека опозицијата го обвинува Вучиќ за насилство и изборна кражба

На протестите во неделата дојде до нереди во кои дел од насобраните лица се обидоа насилно да влезат во Градското собрание. Беше скршена вратата на главниот влез, а уништени беа и дел од прозорците на објектот.

Полицијата информираше дека во нередите биле повредени и осум полициски службеници од кои двајца се здобиле со сериозни повреди.

По протестот приведени се 38 лица. Опозицијата ја обвинува власта дека наводно меѓу демонстрантите уфрлила хулигани кои предизвикале насилство, а потоа следела брутална полициска акција.

За денеска во 18 часот е најавен нов протест пред седиштето на државната изборна комисија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе