Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето вонредно обраќање им порача на граѓаните да бидат мирни, државата е доволно моќна, а институциите способни да се справат со ситуацијата на терен.
Порача дека опозицијата на денешните протести го покажала своето вистинско лице. Рече дека токму тие кои се колнеле во Србија без насилство денеска покажале дека се силеџии и насилници.
Рече дека не станува збор за никаква револуција иако како што посочи во својот говор дел од регионот известувал за такво сценарио, за нив посакувано, како и дека веќе почнале да тријат раце во обидот институциите да бидат разнишани и ослабнати.
Кажа и дека добил многу повици од српски граѓани кои изразиле желба да дојдат и да го бранат Белград но Вичиќ им рекол да останат мирни и во своите домови бидејќи нема да дозволи никој да ја уништи сувереноста на државата.
Најави и дека сите кои се инволвирани во денешните насилни протести ќе бидат уапсени и ќе одговараат според Законот во државата.
