Вести Најважни Свет

(ВИДЕО) Вучиќ: Нема никаква револуција, институциите ќе се справат, оние кое се залагаа за Србија без насилство го покажаа вистинското лице

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето вонредно обраќање им порача на граѓаните да бидат мирни, државата е доволно моќна, а институциите способни да се справат со ситуацијата на терен.

Порача дека опозицијата на денешните протести го покажала своето вистинско лице. Рече дека токму тие кои се колнеле во Србија без насилство денеска покажале дека се силеџии и насилници.

Рече дека не станува збор за никаква револуција иако како што посочи во својот говор дел од регионот известувал за такво сценарио, за нив посакувано, како и дека веќе почнале да тријат раце во обидот институциите да бидат разнишани и ослабнати.

Кажа и дека добил многу повици од српски граѓани кои изразиле желба да дојдат и да го бранат Белград но Вичиќ им рекол да останат мирни и во своите домови бидејќи нема да дозволи никој да ја уништи сувереноста на државата.

Најави и дека сите кои  се инволвирани во денешните насилни протести ќе бидат уапсени и ќе одговараат според Законот во државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе