САД ја охрабруваат земјава да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, велат од Стејт департментот.
Тоа според нив вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ.
На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.
Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат, велат од американскиот Стејт департмент.
