Вести Македонија Најважни

Лога: Процесот за екстрадиција на Палевски е во тек и се е како што треба

Турските власти побарале дополнителна документација по барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевка и Панче Жежовски. Од Министерството за правда информираат дека на барањето веднаш било одговорено.

Палевски ја напушти државата на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

„На сите тие барања ние постапуваме и одговоривме. Така што процесот е во тек и се е како што треба“, изјави министерот за правда, Кренар Лога.

Од Министерството за правда претходно посочија и дека ќе бидат потребни месеци за екстрадиција на Палевски, бидејќи тој може да се жали во текот на постапката. Засега во министерството немаат ништо ново околу текот на барањето за екстрадиција.

„Досега освен тоа што е објавено од наша страна нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено вие ќе бидете известени од наша страна. Значи нема“, додаде Лога.

Максималниот период кој Палевски може да биде држен во притвор е една година. Извештајот од судска медицина за убиството на Вања се уште не е доставен до обвинителството. Извештајот е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот.

Вања беше пронајдена мртва на 3 декември. И натаму останува отворено прашањето зошто Вања толку брзо е убиена, по два и пол часа од нејзиното грабнување на 27 ноември утрината.

Јавното обвинителство е во фаза на прибирање на сите докази во случајот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе