Вести Македонија Најважни

Обвинителството сè уште го чека извештајот од обдукцијата на Вања Ѓорчевска

Извештајот од судска медицина за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е доставен до обвинителството. Обдукцијата треба да ги утврди причините за насилната смрт и точното време кога е убиена, како и да обезбеди дополнителни докази против осомничените. Извештајот од обдукцијата е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот.

„Јавното обвинителство е во фаза на прибирање на сите докази. Извештајот од судска медицина за Ѓорчевска не е официјално е доставен до обвинителството“.

Обдукцијата трае повеќе од две недели. Вања беше пронајдена мртва на 3 декември. И натаму останува отворено прашањето зошто Вања толку брзо е убиена, по два и пол часа од нејзиното грабнување на 27 ноември утрината. Осомничениот за грабнувањето и убиството на Вања, Љупчо Палевски Палчо е во притвор во Турција. Барањето за негова екстрадиција е примено од тамошните власти. Ќе бидат потребни месеци за екстрадиција на Палевски, бидејќи тој може да се жали во текот на постапката. Максималниот период кој Палевски може да биде држен во притвор е една година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера потврди дека има проблеми во функционирањето на системот кој не ги затвори убијците на Вања иако тие претходно имале насилни кривични дела. Тој вината не ја гледа во полицијата која постапува и апси, туку во судството, бидејќи процесите за казнување на луѓето како групата на Палевски застануваат во оваа институција.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе