Емисии Топ тема

Топ тема (13.12.2023) Недоверба во институциите и сомнеж дека двојното убиство ќе биде расчистено создаде лавина од коментари на социјалните мрежи

Социјалните мрежи како гладијаторски арени и ѕидот на срамот на 21 век. Двојното убиство, но и низа други случаи, ги покажа двете лицa на нивното користење. Недовербата во институциите и сомнежот дека случајот ќе биде расчистен до крај ја созде лавината коментари на социјалните мрежи околу двојното убиство, оценија дел од гостите во вечерашната Топ тема, додека начинот како се употребуваат социјалните мрежи велат дека ја покажува сликата на општеството во кое живееме.
Колку јавното мислење е водено од стихијата на шерување постови, броење лајкови, лажни вести и виртуелни „месии“? – Социјалните мрежи пораз или спас на човекот како социјално битие. Вештачката интелигенција може да ги смени работите на подобро или полошо.
Вечерва во Топ Тема дебатираа Тиана Ивановска, психотерапевт, проф. д-р Страшко Стојановски, социолог од Универзитетот „Гоце Делчев” и Бојан Кордалов, комуниколог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе