Вести Македонија Топ вести

Талат Џафери во премиерската фотеља, Јован Митрески во собраниската?!

Од собраниската фотеља во премиерската. Талат Џафери ќе ја предводи техничката влада три месеци пред изборите. Одлуката ја донело Централното претседателство на ДУИ на попладневниот состанок во партиското седиште.

Како компензација за изгубеното премиерско место, дознаваме дека, на местото на Џафери во Собранието ќе седне  досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. За ова премиерот веќе разговарал со Митрески, кој во моментов е во Франција, на процесот Жан Моне, и тој се согласил да го замени Џафери.

На ова веднаш реагираше опозицијата.

„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот,процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, а потоа редеше европски знамиња на сите штетни закони.Ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување за законот за јазиците.

Сега е јасно зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери„, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Премиерот синоќа во интервју не можеше да потврди кој ќе биде технички премиер. Не откри ниту дали ќе настапат само со своите традиционални партнери или во коалиција со ДУИ и Алијанса за Албанците.

ДУИ, пак, го овластиле претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори. Шеф на Централниот изборен штаб ќе им биде министерот Фатмир Бесими.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Истече преодниот рок за почеток на примената на одлуката за укинување на динарот на Косово

Дејан Дејан

Бројот на загинати во силните поплави во јужен Бразил достигна 136

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе