Вести Македонија Најважни

Министерот Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Палевски, Македонија побара да остане во турски притвор додека трае постапката

Министерот за правда Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Палевски. Ќе биде испратено по брза пошта во Турција кога сите документи ќе бидат преведени на турски јазик, а претходно ќе пристигне таму електронски преку ИНТЕРПОЛ. Македонија побара од турските власти Палевски да остане во притвор, сѐ до завршување на постапката за екстрадиција. Од Министерството за правда велат дека нема да чекаат да измине предвидениот рок од 40 дена, за да се достави барањето за екстрадиција.

Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја, соопштија од правда.

Меѓу документацијата што ќе биде испратена во Турција се наоѓа наредбата за истражна постапка против него, решението со кое од страна на Кривичен суд му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница, која беше распишана пред два дена.

ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција, на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123, став 3 од Кривичниот законик, велат од ојо.

Палевски е уапсен во градот Баликесир во Турција. Информацијата ја соопшти министерот Оливер Спасовски доцна синоќа на прес-конференција. Се заблагодари на полицијата од Турција, Србија и Бугарија, кои ги обезбедиле податоците за движење на Палевски. Тој е првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе