Вести Македонија Топ вести

Завршија интервјуата на потенцијалните нови антикорупционери – најавуваат жестока борба со корумпираните функционери

Последните четиринаесет кандидати-антикорупционери ги кажаа своите визии и најавија како ќе се борат со корупцијата ако станат членови на ДКСК.

Завршија интервјуата на собраниска Комисија.  Адвокати, актуелни и разрешени судии, блиски лица на јавни личности, новинари – разновиден е списокот со кандидати.

Но, сите се едногласни во намерите, цврсто да се спротивстават на коруптивните дејства на функционерите.

„Од извештаите како факт произлегува дека меѓусебната соработка помеѓу институциите очигледно не е на соодветното ниво. Значи тоа што е напишано на хартија како меморандум за соработка како и вистинската реализација во пракса – не е на соодветното ниво. Ова е сомнеж заради тоа што најголемиот проблем во државата, нотиран со години наназад е токму проблемот со корупцијата“ вели Марија Георгиевска, пратеник од СДСМ.

 

„Важно е зајакнувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата преку зајакнување на институционалните капацитети, а можеби пред сѐ на човечките ресурси со адекватен, стручен и компетентен кадар“ потенцира Цвета Ристовска, кандидат за член на ДКСК и вработена во Државниот завод за ревизија. 

Кандидатот Енвер Саитоски вели дека кога бил советник во Општина Македонски Брод се соочил со политички притисоци за да замижи пред беззаконие.

Сега, од позиција на потенцијален член на Антикорупциска вели – главна водилка ќе му биде да ја сузбие корупцијата која е најзастапена при јавните набавки.

И други кандидати зборуваа за ова, а Саитоски додава и дека измените во Кривичниот законик се „амин“ за криминалците.

„Никако не можеме да се оправиме. Оваа држава има капацитети. Има материјални средства, има приходи и буџетот може да биде многу поголем. И поради таа корупција којашто е присутна со години, затоа имаме и сива економија од над 30%. Сивата економија е резултат на корупцијата затоа што имаме злоупотреби и во Царина, во УЈП, во Пазарна инспекција. Секаде ги имаме, па уште и ги слушаме по телевизии! Знам доста афери на обвинители и на судии, дотолку што тоа е запрепастувачки. Државата стенка од криминал и од корупција. Триесет години не можеме да се оправиме“ кажа Енвер Саитоски, кандидат за член на ДКСК.

Кандидатите се осврнаа на пораките од меѓународната заедница која со месеци порачува дека е страшно тоа што се случува со корупцијата во Македонија.

Од борбата со корупцијата најмногу зависи кој пат ќе го фатиме за ЕУ, смета кандидатот Спасовски.

„Јас мислам дека оваа Антикорупциска комисија треба да придонесе кон тоа ние во државата внатре да се разбереме – што сакаме“ вели Трајко Спасовски, кандидат за член на ДКСК.

Едно од најзвучните имиња од денешните кандидати на списокот е името на Софија Медарска. Таа е сопруга на адвокатот Филип Медарски, правен застапник на екс-премиерот Заев, кого го застапуваше во предметот „Поткуп“.

Таа и другите кандидати до крајот на следната недела и извршеното бодување ќе знаат кој го минал успешно овој филтер. Новиот состав на комисијата треба да почне да функционира на 8 февруари.

Мандатот на актуелните членови на ДКСК истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За „шетање“ затвореници на приватни собири- поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, екс директор на затворот Шутка и 7 затворски чувари и надзорници

Дејан Дејан

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе