Македонија изминатата година не постигнала никаков напредок во ниту една од клучните области во првиот кластер од преговорите. Судство и борба против корупција, реформа на јавна администрација и демократски институции.
Делумен напредок има само во делот на економските критериуми пишува во извештајот за напредок кој во овие моменти на пресконференција во Брисел го објавува комесарот за проширување.
Нема напредок во судството, а ЕК изразува загриженост за измените на Кривичниот законик, се нотира и злоупотребата на европското знаменце.
Го критикува доцнењето на реформите на јавната администрација и неисполнетите обврски од лани. Во извештајот се критикува работата на парламентот, неусвоениот деловник и измените на изборниот законик.
Сепак ЕК ја фали владата за генералната посветеност на процесот на ЕУ интеграции и усогласеноста со надворешната политика со ЕУ, а ја критикува опозицијата за опструкциите во парламентот.
