Опозициската коалиција во албанскиот политички блок е стабилна и функционира, смета Изет Меџити, претседател на Демократското движење. Во рамки на коалицијата веќе се донесени одлуки околу носителите на позиции како координатор на пратеничка група и член на ДИК. Тој очекува дека заедно со Беса и Алтернатива имаат капацитет и ќе ги поразат ДУИ на претстојните парламентарни избори.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
