Вести Најважни Свет

Америка „турка“ пауза во бомбардирањето – Израел вели „мора да ја поделиме Газа на два дела“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, со што појасот Газа практично е поделен на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари.

И началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, синоќа изјави дека армијата е подготвена „во секој момент да почне офанзива на север“, каде Израел се граничи со Либан и во последните недели се бори секој ден против ракетните напади на либанската милитантна група Хезболах.

– Силите на ИДФ од пешадиската бригада Голани денеска го опколија градот Газа, стигнаа до морето и држат позиции. Градот Газа е исто така опколен од југ, и всушност сега постои север на Појасот Газа и југ. Се уште постои коридорот по кој жителите од северот на енклавата и Газа можат да се движат кон југ, рече тој, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека армијата во моментов изведува опсежни напади во Појасот Газа.

– Сега има обемни напади против терористичката инфраструктура, под земја и над земја, рече Хагари.

Претходно вчера, израелската армија соопшти дека напредувала длабоко во Појасот Газа од север и зазела позиции долж брегот. Се наведува дека за време на борбите биле погодени повеќе од 1.600 објекти на Хамас.

Началникот на Генералштабот Халеви рече дека армијата е подготвена „во секој момент да почне офанзива на север“, каде што е „поставена цел значително да се врати безбедносната ситуација на границите, не само кон Појасот Газа“. Халеви додаде дека израелската армија е подготвена во секој момент за офанзива на север, каде Израел се граничи со Либан.

– Сфаќаме дека тоа може да се случи и веруваме дека нашата одбрана е силна, додаде Халеви.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Блинкен ја продолжува својата дипломатска офанзива низ регионот. Доцна синоќа пристигна во Турција, а претходно беше во Техеран, од каде изјави дека регионалните лидери ќе „ја поздрават“ одлуката да се направи хуманитарна пауза во Газа.

Израл пак соопшти дека му е потребен напредок во ослободување на заложниците, пред да се согласи на каква било пауза во својата офанзива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе