Вести Македонија Најважни

Камерите од претресот во Идризово поместени од затвореници во мртов агол

Народниот правобранител ги прегледува, управата за санкции се уште ги чека снимките од видео надзорот за време на упадот на полицијата за вонреден претрес. Правобранителот Зибери бара истрага, но и ќе даде свое мислење за моментот кога затвореници имаат пристап до собата за надзор. Сепак, според Управата за санкции не се точни тврдењата на Зибери дека полицијата упаднал во затворот, бидејќи постојат барањата за вонреден претрес од страна МВР и обвинителството. Реновирањето на затворите според надлежните оди бавно затоа што за поставување на само еден хидрофор за питка вода потребни се неколку месеци да се извади потребната документација.

Затвореници ги поместувале камерите во мртов агол за време на акцијата на МВР и обвинителството при вонредниот претрес. По ваквите тврдења на народниот правобранител Насер Зибери дадени во синоќешната Топ тема, надлежната управа за извршување санкции вели дека се уште ги чекаат снимките од затворот, а ги побарале и списоците на дежурни затворски службеници за да се утврди евентуална одговорност заради пропусти во службата. Инцидентот по кој повреди пријавија 10 полицајци,  и 60-тина затвореници се одвивал под видео надзор кој бил во мртов агол.

Директорот на управата за извршување очекува и реакција од обвинителството доколку се констатираат пропусти кај затворската служба за кривична одговорност, но вели дека и правобранителот ги има на располагање уредните документи за најавениот претрес и од обвинителството. Зибери во неделата на барање на затворениците од кои дел влегоа и во штрајк со глад извршил увид во најголемиот затвор во земјава и одново констатирал супстандардни и не безбедни услови за престој.

Тој во гостувањето во дебатната емисија праша каде се десетиците милион евра за реконструкција и изградба на затворскиот систем. Директорот на Управата за извршување санкции со одговор за Телма. Предвидени се 41 милион евра, од кои 25 од кредитирање. Со месеци траат процедурите и во ноември по посетата на техничката комисија од банката ќе знаеме дали отпочнуваме со реализација на плановите за реконструкции во КПД Идризово. Јовица Стојановиќ првиот човек на управата вели дека и Зибери знае добро дека за поставување на еден уред за питка вода потребни се десетици дозволи и месеци чекање во бирократска процедура.

  • „Нашите анализи говорат дека само 25 отсто од затворските капацитети се во лоша состојба. Управата за санкции ги планира активности со месеци и години со претходно подготвување на процедурите кои траат понекогаш и со години. Само за обновата на водоснабдувањето трошиме и до 8 месеци за дозвола за замена на хидрофор и агрегат за водоснабдувањето,“ вели Стојановиќ

Штрајкот со глад е прекинат, но според Стојановиќ не бил поврзан само со инцидентот туку и со други услови и барања на дел од затворениците. По викенд инцидентот во Идризово се уште остануваат необјаснети мотивите на обвинителството кое побара и упадна со полициска асистенција во најголемиот затвор при што одзеде десетици мобилни телефони, дрога и 80 импровизирани ножеви и бодежи.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе