Вести Македонија Најважни

Предлог законот за амнестија на собраниска седница, најавени амандмани и од опозицијата и од власта

Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога, е на дневен ред денешната 129. седница на Собранието . Со него се очекува целосно д абидат ослободени од затворска казна 286 осудени лица, а делумно амнестирани 996. Во моментот, 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 треба да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат  од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Во Владата останува разногласието по однос на законот. Додека предлог законот е доставен од министерот за правда, за министерот за внатрешни Спасовски потребна е промена на законско решение или носењето посебен закон којшто ќе овозможи амнестија на лицата и треба да има некаква крајна цел. Стратешкиот пристап, како што потенцираше Спасовски, се состои во градење нови затворски капацитети и ставање во функција на алките за пробација за да може дел од лицата да ја издржуваат казната во своите домови.

-Не е стратешки пристап и не е во интерес на безбедноста криминални лица да се наоѓаат надвор од казнено-поправните установи, на улица затоа што имавме еден таков случај на закон за амнестија кога за многу кратко време, за скоро три месеци, завршија повторно како повторници пред се, на кражби, тешки кражби, разбојништва, нарушувања на јавен ред и мир. Во тој правец сметам дека апсолутно нема да се постигне никаква цел, рече Спасовски.

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во понеделник потенцираше дека не мора со Законот за амнестија да се испразнат затворите, бидејќи, како што рече, постојат и други алтерантивни мерки.

Таа најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандмани за Предлог-законот за амнестија во однос на осудениците од „Монструм“.

-Не е добро тие осуденици да излезат. Затоа со нашата пратеничка група тогаш се разговараше дека може да се предложи амандман којшто ќе го спречат излегувањето, бидејќи станува збор за предмети кои се од јавен интерес, како што во јавноста се побуди за „Монструм“, а од страна на нашата пратеничка група нема да биде дозволено. Значи ќе се достави амандман како што и веќе претходно беше кажано, рече Аврамовска. 

Предлог Законот за амнестија е упад во судството, согласна е и судската фела. Претседателот  на Судскиот совет, Сашко Георгиев, вели дека политичарите носат закони, а критиките одат на сметка на судиите. Смета дека целиот процес требаше да се спроведе транспарентно и да се анализираат последиците од Законот за амнестија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе