Вести Најважни Свет

Крената рампата на преминот Рафа – ранетите и имателите на странски пасоши ја напуштат опколената Газа

По постигнувањето договор меѓу Египет, Израел и Хамас, носителите на странски пасоши и на некои тешко повредени лица им е дозволено да ја напуштат опколената Газа. Посредници во договорот беа Катар и САД. Не се знае колку време ќе биде отворен преминот за евакуација. Но во договор не се предвидени решенија за други прашања за кои се преговара, како што се заложниците држени од Хамас.

Неколку амбулантни возила веќе ги транспортираа ранети луѓе од Појасот Газа до преминот Рафа, каде што други возила на брза помош ги чекаа да ги однесат на египетската страна.

Египетските државни медиуми објавија дека повеќе од 80 ранети Палестинци ќе бидат пренесени на лекување во египетскиот град Шеик Зувеид, каде е направена теренска болница. Стотици луѓе чекаат на преминот последните недели, но ним не им е дозволено да излезат поради несогласувањата меѓу Египет, Израел и Хамас. До сега  само петмина заложници што ги ослободи Хамас можеа да ја напуштат Газа преку преминот Рафа. Палестинската управа денеска соопшти дека на повеќе од 400 странски државјани ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа. Сепак, Египет соопшти дека нема да прифати прилив на палестински бегалци поради стравувањата дека Израел нема да им дозволи да се вратат во Газа по војната.

Израелската војска потврди дека нејзините авиони извршиле напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, во нападот загинал висок командант на Хамас и уништена е подземната инфраструктура на Хамас. Министерството за здравство управувано од Хамас соопшти дека загинале најмалку 50 луѓе. Кампот е во северниот дел на Газа, од каде што Израел им порача на луѓето да си заминат заради нивна безбедност. Го обвини Хамас дека продолжува да го користи цивилното население како штит на многу суров и брутален начин.

  • Нашите сили продолжуваат значително да ги прошируваат своите копнени операции во северниот дел на појасот Газа. Во текот на ноќта, силите водеа значајни битки, вклучително и повеќекатната зграда во областа Џабалија. Терористите пукаа кон нашите сили во областа. Хамас ја користеше таа градба, како и многу други, како светилиште. Во овој случај, зборуваме за намерна употреба на цивилна структура, во близина на училиште, медицински центар и владини канцеларии, изјави Даниел Хагари, портпарол на Израелските сили 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, им изрази сочувство на семејствата на загинатите војници, нарекувајќи ја најправедната војна која ќе продолжи до победа.

  • Ние сме во сурова војна. Тоа ќе биде и долга војна. Имаме важни достигнувања, но и болни загуби. Знаеме, секој наш војник е свет за себе и им велам на саканите семејства, на целата нација Израел е со вас, во вашето време на голема тага. Ве прегрнуваме, од се срце. Нашите војници паднаа во оваа најправедна војна, војната за нашиот дом. Ви ветувам вам и на сите граѓани на Израел- ќе продолжиме додека не заврши мисијата, ќе продолжиме до победа, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел 

Според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 8.500 Палестинци се убиени во војната, главно жени и малолетници, а повеќе од 21.000 се ранети. Уште на првиот ден на нападот на Хамас, Израел пријави дека се убиени повеќе од 1.400 луѓе, а 240 се држат како заложници.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе