Експертите оценуваат дека допрва треба да се види како ЕУ ќе ги оствари ветувањата дадени во Тирана за економска интеграција на Западен Балкан, без оглед што ќе се случува на политички план, со уставните измени и продолжувањето на преговорите. Македонија треба многу повеќе да работи за да ги искористи сите можности за домашен развој.
Кон Брисел со закопано право и заробена правна држава. Македонија пишува патоказ на неказнивост? – Каков ќе биде одговорот од Брисел? – Што ново донесе форумот во Тирана, дел од Берлинскиот процес? – Што тоа значи за Македонија која е пред нова блокада? – Во кој колосек ќе се вклопи Скопје?
Вечерва во Топ Тема, дебата со Симонида Кацарска, извршен директор на ЕПИ (Институт за европска политика), Јадранка Иванова, претседателка на ИПЕК (Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени) и Тона Карева Талеска, правна советничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
