Вести Емисии Македонија Топ тема

Топ Тема 17.10.2023 – Неколкуте стотини „невидливи граѓани“ сега ќе добијат матичен број и државјанство

Извод од матична книга на родени и документи за идентификација како лична карта и патна исправа. Возачка дозвола, трансакциска смета, здравствено осигурување, сон за некој во 21 век. Колку и да е навредливо, овие луѓе, без државјанство, ги нарекуваа луѓе „фантоми“. Тие немаа матичен број, лична карта, немаа здравствено осигурување, нивните деца не фигурираа никаде во системот – едноставно, не постоеја.

Мемет Камбер и Тони Сали – две „невидливи“ момчиња за државата, две горчливи приказни за бавноста на институциите, два животи кои згаснаа без да ги остварат своите права.

Македонија законски, а сега и во пракса го реши проблемот со лицата без државјанство. Неколкуте стотини „невидливи граѓани“ сега ќе добијат матичен број и државјанство и конечно ќе ги уживаат сите основи човекови права како останатите граѓани во Македонија , лични документи, осигурување и трансакциски сметки а нивните деца градинка и училиште.

Колку време траеше процесот, кои беа предизвиците  и што содржат законските измени кои ги ставија „невидливите граѓани“ во системот.

Во студиото разговор  со Љубинка Брашнарска УНХЦР и Сузана Салиу, заменик народен правобранител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе