Виктор Киплагат од Кенија во машка и сонародничката Рут Матебо се победници на годинешното издание на Скопскиот маратон.
Трката низ улиците на македонската престолнина сепак мина во знакот на нашиот репрезентативец Дарио Ивановски, кој низ целта мина како трет со време од 2 часа 19 минути зад двоецот од Кенија.
Киплагат на крајот од трката славеше пред сонародникот Чериот Лабат додека кај дамите доминацијата на маратонците од Кенија ја комплетираше Матебо која триумфираше пред Мерси Кипкембои и Марија Врајиќ од Србија.
Во полумаратонот кај дамите триумф на Адријана Поп Арсова додека во машка конкуренција славеше Британецот, Бен Фелтон.
ФОТО: Игор Паневски