Вести Останато Спорт

ФОТО галерија: Трето место за Ивановски, доминација на маратонците од Кенија

Виктор Киплагат од Кенија во машка и сонародничката Рут Матебо се победници на годинешното издание на Скопскиот маратон.

Трката низ улиците на македонската престолнина сепак мина во знакот на нашиот репрезентативец Дарио Ивановски, кој низ целта мина како трет со време од 2 часа 19 минути  зад двоецот од Кенија.

Киплагат на крајот од трката славеше пред сонародникот Чериот Лабат додека кај дамите доминацијата на маратонците од Кенија ја комплетираше Матебо која триумфираше пред Мерси Кипкембои и Марија Врајиќ од Србија.

Во полумаратонот кај дамите триумф на Адријана Поп Арсова додека во машка конкуренција славеше Британецот, Бен Фелтон.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе