Останато Спорт

Мартин со рекорд на „Мотеги“ и триумф на спринтот, дојде на само 8 бодови до Бањаја

Хорхе Мартин е и повеќе од сериозен кандидат за титулата во Мото ГП шампионатот сезонава. Мотоциклистот на Прамак Дукати имаше фантастична сабота на патеката „Мотеги“ во Јапонија. Во квалификациите постави нов рекорд, а потоа славеше и во спринт трката. 

Мартин во квалификациите извозе најбрз круг со време од 1 минута, 43 секунди и 198 илјадитинки за да постави нов рекорд на патеката „Мотеги“. За Шпанецот тоа беше втора пол-позиција на последните три трки. Во првиот стартен ред друштво ќе му прават шампионот и лидерот во генералниот пласман Франческо Бањаја на фабричкиот Дукати и Џек Милер од КТМ.

Четврти ќе стартува Марко Бецеки, кој имаше излетување за време на квалификациите, но успеа да се врати и да постави одлично време. Потоа следуваат Бред Биндер, Фабио ди Џанантонио, Марк Маркез, Маверик Вињалес, Алеиш Еспаргаро и Јоан Зарко. 

Во спринт трката, доминација повторно на Мартин, кој дојде до третата победа по ред. Зад него винишираше Биндер, додека на подиумот имаше место и за Бањаја. Џек Милер беше четврти, а зад него финишираа Јоан Зарко, Марко Бецеки и Марк Маркез.
Во генералниот поредок, Бањаја останува на врвот со 299 бодови, но Мартин е сега е сериозно близу со само осум бодови помалку. Бецеки е трет со 252 бода.

Утрешната трка за Големата награда на Јапонија утре стартува во 8 часот наутро. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе