„Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент“, напиша на својата официјална Фејсбик страница, претседателот Стево Пендаровски.
Тој ги поздравува до сега преземените дејствија од страна на Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и во исто време повикува на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.
„Крајно време е системот да потврди дека сме способни во пракса, а не само со зборови да се справуваме со тешките облици на организиран криминал и корупција и конечно да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите“, вели Пендаровски.
Тој истакнува дека никогаш нема да бидеме вистинскко европско општество со одолговлекување на судските постапки и отсуство на лична одговорност, туку за здраво општество ни треба правна држава во пракса, не на хартија.
Пендаровски на крајот на објавата додека дека потполно го разбира гневот на граѓаните кои повикуваат на мирни протести, барајќи одговорност од оние кои заработувале на маките на најтешко болните наши граѓани.
Oдговорност од сите министри за здравство!- група граѓани најавуваат протест пред Влада
