Вести Македонија Најважни

Oдговорност од сите министри за здравство!- група граѓани најавуваат протест пред Влада

На социјалните мрежи група граѓани најавуваат протест кој ќе започне во 18 часот пред Влада. Во повикот до граѓаните се вели целта е да се изрази револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.

Според најавата на групата на Фејсбук протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе бидат побарани оставки и одговорност од сите министри за здравство!

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!, стои во повикот за утрешниот протест.

– Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!, се вели во најавата за протестот.

Еве и дел од барањата на организаторите на утрешниот протест:

– Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.

– Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.

– Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

– Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи.

Клиниката за Онкологија во 2017 година во подрум го фрлила системот кој треба да следи како се издаваат цитостатици – пишува „Слободен печат“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе