Вести Македонија Топ вести

Клиниката за Онкологија во 2017 година во подрум го фрлила системот кој треба да следи како се издаваат цитостатици – пишува „Слободен печат“

Клиниката за Онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите. Системот КАТО требало да стави крај на рачниот систем на дозирање, а идејата била да се спречи губење на дозите, да се обезбеди прецизно дозирање без грешка и безбедно чување на цитостатиците, објавува „Слободен печат“.

Во текстот се објаснува дека со КАТО системот било невозможно да се украде цитостатик или да се намали нечија доза, ни поради кражба ни поради грешка. Но, по само шест месеци откако е набавен овој систем, во 2017 година, новиот директор Нино Васев го исфрлил од употреба, наведува медиумот.

Во текстот стои дека кога во 2016 година Клиниката за Онкологија набавила автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците, идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување. Дополнително, со стариот начин на работа имало токсични труења и на медицинскиот персонал задолжен за подготовка на дозите.

Во европските држави овој систем е одамна во употреба и речиси и нема болница во развиениот свет во која цитостатиците се подготвуваат рачно.

Поранешното раководство во 2016 на тендер набавило автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците, а 20 медицински сестри минале едномесечна обука со фармацевтка од Белград за користење на КАТО или компјутерски-контролираното припремање на цитостатици.

Но, по само шест месеци откако се променила власта и се назначил нов директор, докторот Нино Васев го размонтирал системот и најавил дека ќе го користат стариот начин на работа, за да заштеделе на ќеси, пишува „Слободен печат“.

Така клиниката се вратила на примитивната рачна подготовка на цитостатиците. Со тоа се отворила и вратата кон кражбата на ампули проследена со сомнежи за малверзации со дозите.

КАТО ги чинел даночните обврзници 350,000 евра, бил набавен од Париз и функционирал многу кратко, околу 6 месеци. Проблеми имало уште од самиот почеток-луѓето од администрацијата не биле фанови на системот и се карале со директорот. Се жалеле дека не можеле да го поврзат со системот Мој Термин и со ХИС (Hospital Information System).

Клиниката за онкологија во Македонија е единствената болница во светот која што го има купено КАТО системот и не го користи. Се користи во Грција, Австрија, Романија, Германија, Бугарија, Хрватска и многу други државни болници вклучително и во најпознатата болница во Грција Евангелисмос. Продаден е и во НАТО воена болница, ама за Македонија, од мистериозни причини не е доволно добар.

Во текстот се потсетува и за случајот од 2020 година кога една од медицинските сестри кои што биле задолжени за рачна подготовка на онколошката терапија за болните од канцер, била фатена како краде цитостатици. Тогаш нејзина колешка, медицинска сестра, ја пријавила во полициската станица Беко. Се отворила истрага, сестрата добила шестмесечна суспензија од работа. Истрагата била за кражба, но тапкала во место. По шест месеци суспензија, без утврдена законска одговорност сестрата била вратена на работа.

Вработените почнале да се сомневаат дека истрага нема да има кога сфатиле дека личноста од непознати причини е важна за највисокото раководство.

Наместо да ги охрабрат вработените да пријават малверзации, директорот во присуство на вработени кажал дека сестрата е под негова заштита.

Во 2023 година истата сестра е повторно фатена во кражба на цитостатици.

Јавното обвинителство за Слободен печат тврди дека таа е повикана на распит, ама датумот е иден и не може да одговорат дали таа ќе се појави или не. Според информации со кои располага порталот таа не е во Македонија туку во Германија.

Првото дело во 2020 година за кое уште нема судска пресуда, и е за кражба. А второто во 2023 година кога е фатена со 20 ампули од различни цитостатици, се води како послужување.

Како дошло до ваков пресврт и врз кои основи, не е јасно.

Ковачевски: Одговорноста во скандалот на Онкологија има име и презиме, Владата нема да интервенира во истрагата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Демонстранти погодени со шок бомби – протестираа поради апсењето мигранти во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе