Останато Спорт

ФОТО галерија: Половичен успех на Норвежаните, злато за Мун и Кенеди

На петтиот ден од Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта се доделија четири комплети на медали.

Најголемото изненадување го направи Британецот, Џош Кер кој триумфираше во трката на 1500 метри совладувајќи го првиот фаворит Јакоб Ингебритсен од Норвешка, кој го освои второто место, а трет е неговиот сонародник Нарве Гилје Нордас.

Исклучително возбудливо беше во скок со стап во женска конкуренција. Американката, Кејти Мун и Нина Кенеди освоија златни медали со прескокнати 490 сантиметри, а на крајот имаа идентичен број на обиди. Трета е Вилма Мурто од Финска, која важеше за главна фаворитка за првата позиција.

На 400 метри триумф на Марилејди Паулињо од Доминиканската Република зад неа целта ја мина Наталија Качмарек од Полска, а трета е Шона Милер Убо од Бахамите.

На 400 метри со пречки кај мажите победи олимпискиот шампион и светски рекордер Карстен Варнхолм од Норвешка пред Кајрон Мастер од Британските Девствени Острови и Американецот, Раи Бенџамин.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФФМ не попушта пред Шкендија: Уцените нема да влијаат врз одлуките

Sportska Redakcija

Одбојкарите вечерва против Холандија ја почнуваат Европската лига

Sportska Redakcija

Славески со нова победа во БКФЦ: Македонецот повторно во игра за појасот (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе