Останато Спорт

ФОТО галерија: Будимпешта подготвена за почетокот на атлетскиот Мундијал

Будимпешта е домаќин на Светското првенство во атлетика, а најдобрите светски натпреварувачи ќе настапат на ново изградената арена или како во градот ја нарекуваат Национален атлетски центар.

Модерното здание е изградено на источниот брег од реката Дунав и има капацитет од 36.000 места, но за време на Светското првенство натпреварувањата ќе може да ги следат 14.000 гледачи.

Изградбата на арената беше предвидена како дел од обидот на Будимпешта да се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри и според првиот план капацитетот беше 50.000 седишта за да на крајот да се намали на сегашните 36.000.

Целиот проект требаше да чини околу 390 милиони евра, но за негово завршување потрошени се 530 милиони и е најскапиот во историјата на земјата. Националната фудбалска арена Ференц Пушкаш беше изградена за сума која е пониска за 30 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе