Вести Свет Топ вести

„Титан“ има кислород до четврток напладне – спасувачките екипи во трка со времето во потрага по исчезнатата подморница

Еден од најбогатите Пакистанци и неговиот син се меѓу пете луѓе кои исчезнаа во подморницата „Титан“, која тргна во авантура да ги види трупот на „Титаник“, пред да ја загуби комуникацијата на 12.500 стапки под вода. Нивните семејства очајно исчекуваат било какви вести за нив и се надеваат дека ќе бидат пронајдени пред да им снема кислород. Се претпоставува дека исчезнатата туристичка подморница последен пат била контактирана додека се наоѓала веднаш над нејзиното конечно одредиште.

Покрај Шахзад и Сулејман Давуд, кои се членови на едно на најпознатите семејства во Пакистан, во подморницата се наоѓа и милијардерот Хамиш Хардинг, светкиот познатиот истражувач, Пол Анри Нарголе. Како петти член на екипажот се верува дека е Стоктон Раш, извршен директор на „ОушнГејт“, во чија сопственост е подморницата.

„Титан“ ги носеше туристите до легендарниот брод кој се наоѓа на 3.800 метри под површната на Атлантикот. Место за одумдневната подводна авантура со подморницата чинеше околу 250.000 евра по човек. „Титан“ на пат тргна во неделата наутро, околу четири часот, но загуби контакт со матичниот брод „Полар Принс“ по еден час и 45 минути, откако два часа се спушташе во Атлантскиот Океан.

Спасувачките екипи од САД и од Канада се во очајничка трка со времето. Се верува дека „Титан“ има кислород да издржи под вода до четврток напладне по британско време.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе