Од денеска па до сабота Скопје и патеката во СЦ Матка се домаќини на најдобрите кајакари и кануисти од Европа кои ќе се борат за медали на континенталниот шампионат во спринт.
Денеска на програмата беа класичните трки во сите конкуренции, а утре ќе се одржат натпреварувањата во екипна конкуренција.
За в петок закажани се трките во спринт по кои 15-те најдобри в сабота ќе се борат за медали.
Програмата во следниве денови почнува во 10 часот.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

























