Осумкратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез ќе ја прескокне и третата трка сезонава по операцијата на раката. Тој нема да се трка претстојниот викенд во Шпанија, но се очекува да биде подготвен за петтата сезонска трка за ГН на Франција.
Маркез лошо ја почна сезоната и на првата сезонска трка во Португалија направи два инциденти, а при вториот се судри со Мигел Оливеира и ја повреди раката. Мораше да оди на операција, а по последните медицински прегледи направени вчера во Мадрид, тој и тимот на Хонда одлучија да паузира од трките уште барем две недели, што значи дека викендов нема да се трка на Херез за ГН на Шпанија.
Тој претходно не возеше ниту во Аргентина ниту во САД, но се очекува да настапи на француското Гран При на „Ле Ман“ закажано за 14 мај. Во Шпанија на негово место викендов ќе се трка Икер Лекуона, кој моментално се натпреварува во Супербајк конкуренцијата.
