Вести Македонија Топ вести

Туберкулозата не се пренесува лесно, смируваат докторите – секоја година има благ пад на вкупниот број на заболени

Јавноста сѐ уште очекува информации за состојбата на трите деца и таткото од Куманово, хоспитализирани во Козле. Тестовите се во тек и потоа ќе се знае дали тие освен носители на заразата се и заболени од туберкулоза. Мајката се лекува во болнички кревет на клиника, а викендов почина деветмесечното бебе.

И додека се чекаат одговорите за нивната состојба – многу дилеми останаа отворени.

Народниот правобранител ќе го испитува случајот, а засега нема информации дали некој друг ќе биде подложен на тестирање бидејќи до пред да бидат хоспитализирани заради потребните тестирања, таткото и трите деца можеа слободно да излегуваат надвор.

Докторите смируваат, туберкулозата не се пренесува така лесно и нема потреба да се крева паника.

„Туберкулозата се пренесува од близок, долготраен, интрафамилијарен контакт. Со краток контакт, нема ризик за останатите луѓе. Еве, вие сега ако имате туберкулоза и ние разговараме, јас секако нема да се разболам бидејќи треба да живеете со таков човек којшто постојано е со вас и искашлува бацили, за да се разболите. И исто така потребно е одредени услови да бидат исполнети – да немате добар имунитет и да имате некое хронично заболување. Така што, нема потреба да се крева паника“ изјави д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.

Регистарот за заболени и вакцинирани се води на Клинички, во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. А, оттаму бројките за изминатите неколку години се речиси идентични.

Во минатата година 144 лица биле запишани во регистарот. 146 во годината пред тоа, и 148 во 2020-та. Нешто поголема бројка на заболени имало во 2019, кога 199 лица биле запишани со дијагностицирана туберкулоза.

Ова значи дека секоја година има благ, но континуиран пад на вкупниот број. Инаку, речиси сите во државата се вакцинирани против туберкулозата, но болеста се јавува повремено.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе