Вести Македонија

Матка – споменик на природата, украсен со дивоградби и платформи

„Споменик на природата“ – ваков статус го очекува Кањонот Матка по долги години перипетии и натегања на екологистите, со носителите на одлуките.

Владата го утврди текстот на Предлог-законот. Првиот филтер е поминат, а образложението е: заштита на природните посебности, карактеристични за Кањонот.

Матка во последните години е нагрдена и со разни дивоградби, платформи и диво поставени конструкции за нечиј профит.

Проблем кој сѐ уште не се решава, а не се знае ниту што ќе биде во иднина.

„Министерството за животна средина и просторно планирање нема надлежност во однос на дивоградбите и платформите. Со Законот за прогласување на Матка за заштитено подрачје се уредуваат категоријата на заштита, границите на заштитеното подрачје, зоните на заштита со кои се одредува каде и какви активности можат да се преземаат во заштитените зони, како и начинот на управување“ велат од Министерството за животна средина и просторно планирање, во одговор за Телма.

Телма се обиде да стапи во контакт со првиот човек на Општина Сарај и општинските служби. Што ќе биде со дивоградбите и платформите и дали истите ќе бидат урнати, надлежните не кажуваат.

Непознат е и бројот на дивоградби таму и покрај тоа што тој дел набрзо ќе стане споменик на природата.

Предлог-законот за Матка – споменик на природата е предложен од страна на секторот Животна средина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе