Вести Македонија Топ тема

Поранешниот судија Владимир Туфегџиќ за укинувањето на пресудата за „Таргет Тврдина“ – Апелација задира директно во темелот на обвинението

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој беше и втор судија во еден од најзначајните предмети на поранешното СЈО –„Таргет Тврдина“, кој по 9-месечно разгледување беше укинат од Апелација, во вечерашната Топ Тема изјави дека кога била донесена пресудата за овој случај имало политички триумфализам и билдање на политички рејтинг и поени што во основа значи стави дамка и сенка на целиот процес.

„За тој процес треба да се каже дека беше во работа негде година и два, три месеци. Претходно се решаваа прашања кои беа од процедурален карактер. Активно тој предмет беше завршен за година и два, три месеци. Не навлегувам во тоа каква одлука донел Апелациониот суд и првично беше кажано дека пресудата била укината поради суштествена повреда од апсолутен карактер и ако е тоа така, моето прашање е која била причината ако била констатирана таква повреда, зошто тој предмет 9 месеци не биде одлучен. Ако е повреда од апсолутен карактер, тоа значи дека таа пресуда треба да се врати на повторно разгледување. На ова прашање одговор треба да даде судијата – известител, кој како што гледам и слушам веќе е формирана комисија. Но, имаме јавно објавена пресуда од која гледаме дека судиите во Апелациониот Суд се впуштиле во анализа на целата пресуда. И конечно, дале упатство по кое треба да постапи судот, значи задира и интервенира во делот во вештачењата. Најбитен дел, во она што е дадено како упатство, е што задира директно во темелот на обвинението, за кое сметам дека јавниот обвинител во повторената постапка ќе има огромен предизвик а и судечкиот совет а тоа е во делот каде што повисокиот суд вели дека првостепениот суд во повторената постапка, со сигурност да утврди кои корисници биле таргетирани и прислушкувани во УБК а кои во телефонските оператори.“ – изјави Туфегџиќ.

Битно се менува теоријата на случај кај јавниот обвинител и мислам дека ќе влијае и во делот на оштетното побарување на оштетените, вели Туфегџиќ.

„Ќе треба да се види кои лица биле таргетирани во УБК, таму одговорноста би била кај државата а доколку се утврди дека тоа е таргетирано кај телефонските оператори, тогаш оштетните побарувања би оделе во тој правец“ – изјави Туфегџиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе