Беким Мемети не избегал сам. Во крими-драмата биле вклучени 4-ца полицајци, а диригирал командирот Срѓан Димитриевски.
3- ца од нив се зад решетки, еден од нив доби забрана да го напушта живеалиштетото додека обвинителството собира докази кој и како зел учество во организирањето на бегството.
Монструозниот план започнал ноќтта на 12 –ти, кога осуденикот Беким Мемети си ја расекол раката и пријавил повреда.
Оттука се вклучува, командирот во КПД Идризово и издава наредба тој да се пренесе на Клинички.
Мемети седел во средина на втората клупа зад возачот и совозачот. Во еден момент еден од осомничените полицајци се преместил со неговиот колега кој пак, не носел пиштол, за да му овозможи, иако со врзани раце да го извлече оружјето од футролата на колегата и да пука.
Финалниот чин завршува на вклучувањето на автопатот или местото викан „Кадински пат“, каде што се појавува сиво ауди.
Ранетиот полицаец се бори за живот, но засега се спаси од сомнеж за филмското бегство. Ако обвинителството докаже дека неговите колеги се здружиле ќе лежат во затвор најмногу 5 години затвор.
„Службено лице кое спротивно на законот ќе ослободи лице лишено од слобода кое му е доверено на чување или ќе му помогне да побегне, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години,“ се наведува во кривичниот законик
И МВР и обвинителството трагаат по мотивите на полицајците. Командирот Срѓан Димитриевски и претходно се соочил со сомнеж за поткуп во полициска станица Бит Пазар.
Официјално осуденикот Беким Мемети втор пат бега од македонски затвор, и најверојатно и трет пат од државата.
Пред неколку години е лоциран во Германија и спроведен во Идризово да лежи 20 години затвор за убиство, и други кривични дела.
Но, неофицијално тој располагал со богатство стекнато од ланецот со трговија со марихуана во Германија. Мемети, го бара МВР, но и меѓународните истражни органи.
Павле Беловски