Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека полициски специјалци од МВР денес го пронашле телото на женското лице кое на новогодишната ноќ се фрлило во водите на река Вардар кај Велес.
„Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес“ се вели во соопштението на ЦУК.
Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место, по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.