Вести Магазин Свет

ВИДЕО: Мадуро дели играчки на „Супер-мустак“ херој со негов лик кој се бори против Трамп и Америка

„Супер Биготе“ односно на македонски „Супер-мустак“ е нов супер херој којшто името го добил по црните густи мустаки. Но ликот на овој супер-херој од Венецуела е познатиот на долгогодишниот автократ Николас Мадуро.

Играчки со ваков лик се дел од празничните пакетчиња кои автократската социјалистичка власт во Венецуела на Мадуро ги дели на сиромашните деца.

И додека некои поддржувачи го фалат Мадуро за постапката и подароците, други жители на Венецуела сметаат дека на овој начин со тоа што подарува играчки со сопствен лик на сиромашни деца само се врши иницијација на децата во култот на личноста на Мадуро.

Најголемата критика за Мадуро е што куклите со неговиот супер херој се увезени од Кина (13 милиони играчки) и се делат на деца кои живеат во места каде нема ниту водовод ниту добри училишта.

-Парите можеа да се потрошат за нови училишта и патеки за децата безбедно да одат во училиште, истакна Белкис Боливар, лидер на најголемиот синдикат на наставници во Венецуела.

Супер Биготе односно „Супер мустакот“ е херој кој се бори против американската империја- стои во објаснување на истоимената анимирана серија. Во битката му помага и блондинка супер хероина Чилита.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе